Новиот член на елитната дивизија дојде до победа со 86-85 и покрај тоа што Реал речиси постојано беше во водство, а во последната четвртина имаше и +9. Клучниот момент на дуелот се случи на секунда пред крајот кога Јунио Баруета погоди тројка за израмнување (85-85), а притоа беше фаулиран од Џанан Муса и доби слободно фрлање. Баруета беше прецизен и од „пенал“ позицијата за историски успех на неговиот тим.
Реал се соочува со многу проблеми на стартот од новата сезона во која влезе со драстично изменет состав, а точка на проблемите беше болеста на Марио Хезоња за кого не се знае кога се враќа во тимот. Минатата недела Реал загуби во финалето од Суперкупот на Шпанија од Уникаха и ја прекина доминацијата во ова натпреварување во кое славеше претходните шест години.