Лука Дончиќ и другарите славеа со 92-85, при тоа мораа да се помашат со упорните Литванци, кои во ниеден момент не дозволија да губат драматично, а на крај дури направија и пресврт.
Словенија ги повтори највисоките плус седум во третата четвртина, кога имаше 64-57, но Литванија успеа да изедначи, а на влезот од последната четвртина и да поведе. Таму стигна и до водство од пет разлика, но на пет минути до крајот европските шампиони почнаа да се враќаат. Горан Драгиќ постигна тројка, Мајк Тоби двапати погоди за два, а во сите случаи асистент беше Лука Дончиќ.
Самиот имаше мирна рака во слободните фрлања во завршние минути и ја доведе својата репрезентација до триумф, правејќи дабл-дабл од 14 поени и 10 асистенции, на кои додаде и шест скока. Најефикасен беше Тоби со 24 коша, плус осум скока, а Драгиќ додаде 19 поени. Во Литванија предводеше Миндаугас Кузминскас со 19 поени, а потфрлија НБА-ѕвездите Валанчиунас и Сабонис, првиот со девет, вториот со 10 поени.
Во истава група, досега БиХ славеше над Унгарија со 95-85, а во вечерниот термин е второто дерби, меѓу Франција и Германија.