Малку екипи во последната деценија ја одбраниле титулата во Евролигата, па по Олимпијакос со двајца тренери (Барцокас и Сфаиропулос), сега Анадолу Ефес со еден стручњак на клупата, Ергин Атаман, се искачи на врвот на континентот.
Симпатичниот тренер ликуваше по победата над Реал Мадрид во Белград (58-57), но ја пофали и институцијата Анадолу Ефес.
„Ние сме како НБА тим. Кога зборувам за најсилната лига во светот, не зборувам само за системот или техничките работи, туку и за организацијата. Ние сме како нив, како најдобрите.
Ефес е кошаркарски клуб, но и национален клуб. Ја имаме поддршката од целата земја и ова е првиот турски клуб кој ја одрбанил европската титула. Немаме фудбалски клуб, но игравме во распродадена арена на последните девет натпревари на домашен терен“, потсети Атаман.
Турската кошарка која со децении немаше успеси во најсилниот европски Куп, собра три титули во шест години, потврдувајќи го прогресот на лигата и на големите турски клубови.