Србинот Василије Мициќ зад себе остави незаборавен викенд, откако и во полуфиналето и во финалето на Евролигата остави трага. Најнапред со тројка со звукот на сирената го порази Олимпијакос, а потоа постигнувајќи 40% од поените на својата екипа во финалето го сруши и Реал Мадрид.
Српскиот репрезентативец ја продолжи својата традиција, почната минатата пролет во Келн, и запеа на првото интервју по европската круна. На репертоарот, како и лани, беа хитови од српската народна музика.
Мициќ е изданок на школата на Мега и сите веруваат дека следен предизвик ќе му биде настап во НБА лигата.