Пресметката на последните два шампиона во НБА, Денвер Нагетс и Голден Стејт Вориорс донесе исклучително драматичен натпревар, но и рекорд кога станува збор за натпреварите од божиќната програма.
Денвер славеше со 120-114, а во историјата по уште еден параметар се запиша најдобриот играч на овој тим Никола Јокиќ. Тој стана прв кошаркар во НБА лигата кој погодил 18+ слободни фрлања без ниедно промашување, а во исто време се израмни по бројот на погодени „пенали“ на овој ден.
Интересно е тоа што над две третини од вкупниот број поени (26) на овој меч, Јокиќ ги постигна од линијата за слободни фрлања.