Екипата на Далас Маверикс го победи тимот на Феникс Санс со 128-114 во последниот натпревар од божиќната програма во НБА, а убедливо прва ѕвезда на дуелот беше Лука Дончиќ.
Словенецот постигна 50 поени и во 358. натпревар ја надмина бројката од 10.000 во НБА кариерата со што стана седми најбрз кошаркар во историјата кому му успеало тоа. На сето ова, додаде 15 асистенции и 6 скока со што дополнително го зачини својот фантастичен настап на Божиќ.
Клучна за победата на Далас беше последната четвртина која гостите ја добија со 37-22 иако и во првото полувреме Маверикс го контролираа резултатот и имаа предност од 15 поени разлика. Феникс направи пресврт во третиот период во кој имаше и +5.
Во домашниот тим се истакна Ален со 32 поена, Мету додаде 23 поени и 19 скока, а далеку од своето ниво останаа Букер со 20 поени и 10 скока и Дурант со 16 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Милвоки 129-122
Денвер – Голден Стејт 120-114
ЛА Лејкерс – Бостон 115-126
Мајами – Филаделфија 119-113
Феникс – Далас 114-128