Лука Дончиќ одигра одлична партија, но тоа не беше доволно. Вориорс победија со 126:117 и поведоа со 2-0 .
Далас не ја исполни целта. Пристигна во Сан Франциско за барем една победа за да го пренесе моментумот на својата страна и да ги остави Вориорс без предност на домашен терен. Навистина немаше шанси на првиот меч, но затоа беше блиску на вториот меч.
Далас одигра многу добро прво полувреме, имаше предност и се чинеше дека има многу добра ситуација и игра воопшто, но потоа следеше веќе добро познатиот квалитетен период на Вориорс во третата четвртина кога беа направени одредени корекции и високата предност на Далас се стопи.
Маверикс се обидоа да останат во игра, но Вориорс добија дополнителна широчина во одличната вечер на Келвон Луни и гостите беа во се поголеми проблеми.
Одбраната на Вориорс во вториот дел функционираше многу подобро, нападот беше на високо ниво и Голден Стејт го доби третиот период со 25:13, четвртиот со 43:32 и направи пресврт што го доведе до победа.
„Знаевме колку се добри во третиот период и не реагиравме добро. Тие се Вориорс, имаат фантастичен тим. Имавме 19 поени предност и тешко е после ваков пораз. Сепак, не смееме да гледаме во минатото, мора да гледаме во иднината“, рече Лука Дончиќ.
Дончиќ мечот го заврши со 42 поени и осум асистенции, Џејлен Брунсон додаде 31 поен и седум скока, а Реџи Булок 21 поен.
Кај Вориорс Стивен Кари постигна 32 поени со осум скока, Џордан Пул додаде 23 поени, а Луни 21 поен со 12 скока.