Лука Дончиќ беше најдобар кај Далас во победата над Лос Анџелес Лејкерс.

Фантастичниот словенечки кошаркар имаше уште еден добар настап и оствари 25 поени со 8 скокови и 5 асистенции.

Во таборот на Лејкерс, Леброн Џејмс имаше дабл дабл учинок од 26 поени и 12 скокови.

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ го одигра еден од најдобрите натпревари оваа сезона, но тоа не беше доволно Атланта да избегне пораз на гостувањето кај Бостон (107:98).

Богдановиќ беше одлично расположен на овој меч, постигна 25 поени (10/16 удари од игра) за 37 минути игра, забележа четири скока и две асистенции. Тој беше еден од најефикасните играчи на овој натпревар.

Селтикси до победата ги предводеше одличниот Џејсон Тејтум кој мечот го заврши со 33 поени. Феноменалниот ас на Бостон имаше и осум скока и седум асистенции.