Мареј и Јокиќ го „суредија“ Лејкерс и во Лос Анџелес, и Денвер Нагетс е само на чекор до историја! Денвер со 119-108 го победи ЛА Лејкерс на негов терен и поведе со 3-0 во финалето на западната конференција. Никој досега не се вратил од таква негатива, па Јокиќ и соиграчите се пред пласман во првото големо финале за Нагетс.
Денвер водеше речиси во целиот тек на натпреварот и заслужено дојде до овој исклучително важен триумф кој ги донесе на победа до клупска историја.
Џемал Мареј имаше брилијантно прво полувреме во кое постигна дури 30 поени, но го снема во вториот дел, но до крајот на натпреварот постигна уште седум поени и заврши со 37, тој беше најефикасен на паркетот. Јокиќ постигна 24 поени, имаше брилијантна последна четвртина, стапи на дело кога се одлучуваше мечот. Србинот не играше во третиот период бидејќи набрзина направи четири лични грешки, па тренерот реши да го поштеди.
Ентони Дејвис беше најдобар во составот на Лејкерс постигнувајќи 28 поени, имаше и 18 скокови, Леброн Џејмс реализираше 23 поени, запиша и 12 асистенции, Ривс исто така имаше 23 поени.
Следниот натпревар се игра исто така во Лос Анџелес, Денвер ја има првата меч топка.