Пред борбата против Дилијан Вајт од  британскиот боксер Тајсон Фјури новинарите побараа мислење за браќата Владимир и Виталиј Кличко и Олександр Усик, кои се пријавија во украинската армија за да ја одбранат својата татковина. Фјури одговори:

„Јас ќе бидам првиот што ќе се пријави во војска ако Англија или Америка се вклучат во војната. Јас ќе бидам првиот во редот за таа работа. Татко ми исто така ќе им се придружи. Ако живеете во таа држава, бранете ја , тоа имам да кажам“, рече Тајсон Фјури.