Мирко Вичевиќ повеќе не е тренер на ватерполистите на Црвена звезда, по неодамнешниот инцидент на натпреварот против Шабац кога домашните навивачи истакнаа навредлив транспарент и скандираа против своевремено еден од најдобрите ватерполисти во светот.
Според Спортклуб, Мирко Вичевиќ со голема амбиција и ентузијазам тргнал кон Белград, решен успешно да ја заврши сезоната и да продолжи да ја позиционира Звезда на регионално и европско ниво, но брзо решил да се врати во Котор.
Се започна од немилите сцени на натпреварот против Шабац, кои не се повторија на натпреварот против Стеауа во Лигата на шампионите, но сите случувања околу клубот влијаеа на играта и атмосферата во клубот, па избраниците на Вичевиќ одиграа нерешено ( 10:10) со екипата од Букурешт.
На ватерполо натпреварот Црвена звезда-Шабац, навивачите на домашниот клуб развија навредлив транспарент со натпис „Шиптар, Хрват, Балија, тие не се мои браќа“, што предизвика лавина реакции во јавноста.
Навивачката група Делије пред натпреварот скандираше: „Делије, ајде сите да гласаме, Мирко Вичевиќ никогаш да не биде дел од нас“, протестирајќи против новиот тренер на црвено-белите.
Црногорскиот тренер со хрватско потекло моментално е претседател на Хрватското граѓанско друштво на Црна Гора во Котор, а беше советник на партијата на Мило Ѓукановиќ (ДПС) во Котор.
Вичевиќ освои злато со репрезентацијата на Југославија на Олимпијадата во Сеул во 1988 година.
Вишото јавно обвинителство во Белград во вторникот оцени дека нема елементи на кривично дело поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост при истакнувањето на транспарентот со натпис „Шиптар, Хрват, Балија, тие не се мои браќа. на ватерполо натпреварот Црвена звезда – Шабац. дека спорниот транспарент „може да претставува незаконски чин на кршење на Законот за јавен ред и мир“, објави во петокот Српската радио-телевизија (РТС).
За жал, ова не е прв, а веројатно не и последен пат во центарот на вниманието да се работи за кои нема место во спортот , беше еден од коментарите во белградскиот печат по повод инцидентот.
Постоеше можност да се постигне договор, Вичевиќ да ја заврши сезоната во Звезда, но од тоа нема ништо. Мирко одлучи да ја напушти Звезда, да се врати во Котор и да чека нов ангажман, пишува Спортклуб.
Во исто време, по разделбата со Александар Филиповиќ и заминувањето на Мирко Вичевиќ, Звезда ќе мора да бара трет тренер во сезоната во која по две квалификациски кола со италијанска Савона стигна до групната фаза на Лигата на шампионите.