Јувентус го победи Сасуоло со 2-1 во четвртфиналето на Купот на Италија со победа во Торино. Херој беше српскиот центарфор Душан Влаховиќ, кој го постигна вториот гол во вториот настап за клубот. На некои места може да се најдат информации дека вториот гол на Јувентус е всушност автогол на дефанзивецот на Сасуоло Руен, но останува фактот дека Влаховиќ направи се во таа акција.
Домаќинот поведе во третата минута со голот на Дибала. Следуваше доминација на гостите, која беше крунисана со прекрасниот гол на Хамед Траоре за 1:1 во 24. минута. Јувентус промаши многу во вториот дел, но Влаховиќ на крајот беше херој и го однесе тимот во полуфиналето на натпреварувањето.
Јувентус во полуфиналето ќе игра против Фиорентина, која славеше со 3:2 на гостувањето во Бергамо против Аталанта. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Милан и Интер. Во полуфиналето ќе се играат два натпревари. Натпреварите на Милан се закажани за 2 март и 20 април, додека Фиорентина на 3 март ќе му гостува на Јувентус, а реваншот од Торино ќе се игра на 21 април.