Морбидни вести доаѓаат од Аргентина, каде што фудбалерката Флоренс Гуиназа била претепана, а потоа и задавена од сопругот Агустин и тоа додека нивните деца биле во куќата.
Тој прво ја убил, па си го одзел животот, а пред да го стори тоа оставил белешка на прозорецот која ја видел еден од соседите, а на која пишувало – Викнете полиција, децата се сами во куќата.
Новинарите на аргентинската куќа „Ц5Н“ ги опишале деталите од грозоморниот настан.
„Таа играше фудбал и беше брутално убиена во Мендоза. Прво ја убил сопругата, а потоа се самоубил. Резултатите од обдукцијата пристигнале и тоа се случило пред очите на децата на возраст од пет и седум години кои биле во куќата. Потврден е редоследот на настаните дека прво ја претепал сопругата, а потоа се самоубил. Кога соседот влегол во куќата, седумгодишното момче кое играло ‘плејстејшн’ му рекол дека не може да влезе во нивната соба зашто бил заклучен. Пристигнала полиција, чекала да пристигне наредбата и потоа влегла во собата и затекнала страшна глетка“, велат од телевизијата.
Убиената Флоренс играше фудбал за екипата на Атлетико Аргентино, кој веднаш изрази сочувство до семејството и пријателите.