Порто полека ги губи и математичките шанси за титулата и е третопласиран на табелата, а последниот пораз на домашен терен беше проследен со исклучување на капитенот.
Фаворитот загуби на домашен терен со 1:2, а во самата завршница играше и без ветеранот Пепе кој поради гест кон двајцата судии, заработи директен црвен картон.
Иако воодушевува со начинот на кој игра на 41 година, Пепе вчера самиот се погрижи за исклучување.
Пепе им порача на двајцата судии да си „купат очила“ за да си го решат проблемот со видот, а најинтересно во целата ситуација е тоа што стоперот протестираше со право и аутот требаше да му припадне на Порто.
https://twitter.com/i/status/1777084420672889050