Според германскиот весник „Билд“, челниците на Борусија не планираат да преговараат со заинтересираните клубови за Белингам, кои нема да понудат 120 милиони евра.
Англичанецот има само 19 години, но веќе покажува дека е фантастичен играч од средниот ред. Тој е на листата на желби на Ливерпул, но Јирген Клоп планира да испрати понуда следното лето, а не овој преоден рок.
Белингам потекнува од академијата на Бирмингам, тим за кој дебитираше во Чемпионшип дивизијата како 16-годишник.