Лука Модриќ,капитенот на хрватската репрезентација и ѕвезда на Реал Мадрид, во разговор со медиумите изјави дека Мундијалот во Катар ќе биде негов последен турнир во кариерата во дресот на Хрватска.
Еден од најдобрите фудбалери за врска во историјата во разговор за „Фифа плус“ кажа дека е свесен за тоа дека доаѓа крајот на неговата кариера.
„Свесен сум дека се ближи крајот на мојата кариера и ова Светско првенство ќе биде последно натпреварување во кое ќе играм за Хрватска. Луѓето често ме прашуваат зошто и понатаму играм за Хрватска наместо да се фокусирам на тимот, но репрезентацијата е нешто посебно за мене. Нема ништо поубаво од чувството да се игра за својата држава. Моето збогување најверојатно ќе биде многу тешко“, кажа Модриќ.
Модриќ го носи дресот на Хрватска од 2006 година, а досега настапи на 154 меча и постигна 23 гола за „коцкестите“.