Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа изјави дека му беше потребен трофеј во Лигата на шампионите за луѓето повеќе да го почитуваат.
Белгиецот исто така рече дека е горд што успеал да му помогне на тимот да го победи Ливерпул во финалето.
На прес-конференцијата кажав дека кога и да игра Реал Мадрид во финале – победува и јас сум на добрата страна на историјата. Видов многу твитови во кои велат дека ќе бидам понижен, а беше спротивното. Ми требаше победа во финалето во кариерата, за сета напорна работа, да заработам почит, бидејќи ја немам доволно, особено во Англија“, изјави Куртоа за БТ Спорт .
Фудбалерите на Реал ја освоија 14. европска титула, откако во финалето на Лигата на шампионите во Париз го совладаа Ливерпул со 1-0.
Куртоа е еден од најзаслужните за триумфот, кој во неколку наврати ги бранеше одличните можности на „црвените“.
Стрелец на единствениот гол беше Винисиус Јуниор во 59. минута.
„Навистина сум среќен и горд. Кога требаше да бидам тука за тимот, бев тука“, додаде белгискиот голман.