Елмас сезонава има подредена улога во Наполи, па иако безмалку на сите мечеви досега запиша настап, минутажата е премала (во просек 15-20 минути) со само два меча како стартер (еден гол) за разлика од минатата сезона во која имаше преку 2.000 минути и само два пропуштени мечеви за Наполи во сите натпреварувања (седум гола и пет асистенции“).
Според Камарото, од актуелниот тим на Наполи во моментов само тројца фудбалери извесно е дека ќе добијат дозвола да си заминат, а еден од нив е Елмас, заедно со Ирвинг Лозано и Диего Деме. Наполитанскиот новинар потенцира дека во јануари тешко дека би се случил излезен трансфер, а Наполи евентуално зимскиот преоден рок би го искористил за едно-две освежувања и договарање на засилувања за во јуни.
„Овој Наполи засега е извонреден иднината е сигурна, а само неколкумина можно е да си заминат и тоа Лозано, Елмас и Деме. Лозано не е повеќе со статус незаменлив, Елмас пати поради тоа што почесто е на клупата, а Деме и во август ќе си заминеше да не се повредеше. Од друга страна, Џунтоли веќе работи на неколку изненадувања, за кои наскоро веројатно ќе се дознае. Јануарската стратегија веројатно ќе биде некое освежување и договор за засилувања за идната сезона“, вели Камарото.
Елмас летово се поврзуваше со трансфер во Милан, но „росонерите“ го купија белгискиот талент Шарл Де Кетеларе и тешко замисливо е дека првакот ќе одвои над 30 милиони евра за Елмас за зимски трансфер, колку што се шпекулираше за цената летово. Елмас има договор со Наполи до 2025 година.