Во 36. минута на натпреварот меѓу Ајачио и ПСЖ во француската Лига 1, еден од најголемите млади фудбалски таленти во светот, Килијан Мбапе го направи веројатно едно од најголемите промашувања во кариерата.

По феноменалната акција на ПСЖ, Ашраф Хакими несебично му асистираше на Мбапе, кој од десетина метри наместо во мрежата топката ја испрати далеку над голот.

Напаѓачот на ПСЖ очигледно го обвини нерамниот терен за промашувањето.