Кралскиот клуб Реал Мадрид ја постигна деветтата победа во шпанска Примера совладувајќи го тимот на Леганес на гости со 0-3. Со ова актуелниот првак се доближи на четири бода негатива до лидерот Барселона, но има и еден одигран натпревар помалку.
По една катастофална грешка на АлтамираКилијан Мбапе пред крајот на првиот дел успеа да донесе водство за Реал по одличната асистенција на Винисиус Жуниор.
Уругваецот Феде Валверде со удар од далечина зголеми на 0-2 во 66.минута.
Доминацијата на гостите беше крунисана со трет гол, стрелец беше Џуд Белингем во 85. минута. Шутираше Диаз, топката од блокот заврши во пречката, а Англичанецот со глава ја погоди мрежата.
Реал Мадрид сега има 30 бода, четири помалку од Барселона, но и натпревар помалку против Валенсија. Леганес се наоѓа на 14. место со 14 бодови.