Алиоски со Македонија имаа авантура за паметење во квалификациите, со победи против двата најтрофејни европски великани Германија и Италија на патот кон Мундијалот, но Португалија беше непремостливата пречка за трето чудо во историски најдобрите квалификации, после чудата во Дуисбург во март лани и во Палермо пет дена пред мечот со Порто.
„Јас имам нов омилен тим за кој ќе навивам на Мундијалот. Тоа е Саудиска Арабија. Многу ги ценам и ќе бидам нивни најголем навивач, ќе ги гледам сите нивни мечеви на Светското првенство“, рече Алиоски.
Алиоски летоска дојде во Ал Ахли за двегодишен договор вреден пет милиони евра откако му заврши договорот со англиски Лидс, а беше еден од милениците на навивачите, кои сега „го молат“ да се врати на „Иланд роуд“.