Во многу тензичен натпревар од 23. коло на Хрватската лига на Максимир, Динамо ја совлада Горица со 2:1 и освои важни три бода во борбата за титулата.
Ентони Калик израмни откако Динамо дојде до водство по акцијата на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми кои одлично соработуваа во изедначувачкиот гол на Адеми.
Голот може да го погледнете ТУКА.
Натпреварот беше решен во 89. минута Мислав Оршиќ постигна прекрасен гол вреден три бода.
За Горица шанса за настап на крајот на натпреварот доби македнскиот репрезентативен напаѓач Влатко Стојановски.
Динамо сега ја зголеми предноста пред Осиек и Риека на Велковски на шест, а пред Хајдук на Атанасов на осум бода.