Светскиот шампион од Русија во 2018 година се здружи со познат дизајнер за да ги создаде првите вакви фудбалски чизми во светот, и се наведува дека идејата потекнува од взаемната страст на двоецот за мода, спорт и градење брендови.
Адидас соопшти дека материјалите и компонентите се внимателно анализирани за да се обезбеди создавање на копачки во согласност со веганските, но и елитните стандарди за производство. Оваа иновативна креација е дизајн без чипка и има карактеристична силуета, а горниот бел дел е украсен со леопард дезен.
„Јас сум првенствено фудбалер, но имам огромен интерес за модата и дизајнот и отсекогаш сум сакал да го истражувам тоа поле“, рече Погба и продолжи:
“Оваа соработка е посебна за мене бидејќи долго време сум обожавател на работата на Стела Макартни и кога првпат се собравме и дојдовме до оваа идеја, тоа беше совршена шанса да создадеме нешто. Тоа се случи среде изолација и кога фудбалот многу ми недостасуваше, така што е неверојатно чувството да се фокусирам на нешто што ја комбинира мојата љубов кон играта и страста кон модата. Чевлите се уникатни и едвај чекам со нив да излезам на терен .