Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Аријан Адеми не можеше да му помогне на својот тим поради повредата. Динамо загуби во Виена од Рапид, а Адеми беше на клупата на “модрите” и ги бодреше своите соиграчи.
Тешко му беше поради тоа што не може да помогне на теренот а дополнително нервозата се зголеми кога Динамо влезе во негатива.
Адеми бил испровоциран со дофрлање од трибините и влегол во вербален конфликт со еден од домашните наивачи. Тој очигледно бил многу лут и неколку пати упатил пцовки, што јасно се гледа на видеото. Според хтватските медиуми, човекот на кој му се спротивставил бил австриски новинар.