Бразилскиот фудбалер Матеус Салдања, кој е најдобар стрелец на Партизан, следното лето би можел да донесе големи пари во касата на белграѓаните, откако серизоен интерес за него покажал италијанскиот прволигаш Торино.
Како што пренесува „Тутоспорт“, тимот од Серија А подготвил дури 10 милиони евра за да го откупи извонредниот напаѓач на Партизан. Италијанците се подготвени да понудат и милион и пол евра како годишна плата на Салдања.
Бразилецот сезонава одигра 22 натпревари во српската Суперлига и постигна 16 гола, со пет асистенции.