Вистински хорор се случуваше на рели-трка во Унгарија. Четири лица загинаа денеска, меѓу кои е и едно девојче, а најмалку седум се повредени кога автомобил излета за време на рели-трка во северозападна Унгарија и удри директно во група гледачи, соопшти полицијата.
Несреќата се случила за време на спортскиот настан што се одржувал меѓу градовите Лабатлан и Бајо кај Дунав, пренесуваат унгарските медиуми. На Фејсбук страницата на рели-клубот Арабон беше објавено дека се повредени 30 лица.
Трката веднаш е прекината, а автомобилот излетал од патот од сѐ уште неразјаснети причини, кои дополниелно ќе се истражуваат.