Шесткратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез (Хонда) нема да се натпреварува денес на трката за Големата награда на Индонезија бидејќи доживеа потрес на мозокот откако падна за време на загревањето, соопштија организаторите. Маркез (29) во кривина целосно изгубил контрола над мотоциклот, излетал во воздух и при пад со главата удри во земја.

https://twitter.com/JolZR7/status/1505410649673060353?s=20&t=bf6r7KgKHsAb6fkbEyjXew

За време на квалификациите во саботата тој падна двапати и требаше да стартува од 14-то место во неделата.

На крајот на трката, Португалецот Мигел Оливеира (КТМ) победи пред двајца Французи, светскиот шампион Фабио Квартара (Јамаха) и Јохан Зарк (Дукати-Прамак). Водечки во генералниот пласман и понатаму е Италијанецот Енеа Бастианини (Дукати-Грезини) кој има 30 бодови по изненадувачката победа во Катар пред две недели и покрај тоа што заврши на 11-тото место на денешната трка. Втор во генералниот пласман е Јужноафриканецот Бред Биндер (КТМ) со 28 бодови, додека трет е Квартаро со 27 бодови.