Дејан Георгиевски, нашата спортска икона, успеа да дојде до бронзата на МИ во Оран во таеквондо, откако беше спречен да дојде до златниот медал што и беше целта на сите во нашиот табор.Поради дехидрација и стомачен вирус неговиот тим одлучи Дејан да го прекине денешниот победнички поход.
Секако дека сите жалиме што му се случува ова на нашиот Деки, но најважно за него е да биде здрав. Ќе има уште натпреварувања на кои Македонецот ќе покажа дека е еден од најдобрите, ако не и најдобар во светот во својата категорија во таеквондо.