Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вчера го одигра својот прв меч на АТП турнир во 2022 година, а во мечот од првото коло во Дубаи го победи младиот Италијанец Лоренцо Мусети со 6:3, 6:3 за час и 13 минути. на игра. Ѓоковиќ не играше во јануари откако му беше одбиена визата за Австралија бидејќи одби да се вакцинира против коронавирусот, па го пропушти првиот Грен слем сезонава Австралија Опен, кој го освои девет пати во кариерата.

Публиката во Дубаи со овации го поздрави Ѓоковиќ. Првиот светски тенисер по победата се поклони во свој карактеристичен стил во правец на секоја трибина, а публиката реагираше позитивно. По натпреварот Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави дека не можел да побара подобар дочек од публиката.

https://twitter.com/molly_mcelwee/status/1495825550090596352?s=20&t=7S1dX1VbohhKpU5QvSFt_A https://twitter.com/DjokerNole/status/1495865718566694913?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1495865718566694913%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fovacije-djokovicu-nakon-povratka-na-teren-bolji-docek-nisam-mogao-traziti%2F2341443.aspx

На турнирот во Дубаи, Ѓоковиќ конечно можеше да излезе на теренот и не покажа дека е з’рѓан. Противник во 2. коло ќе му биде подобриот од мечот меѓу Русинот Карен Хачанов и Австралиецот Алекс де Минаур, кој е закажан за денеска од 11 часот.