Карлос Алкарас продолжува со фантастични игри во 2022 година.
Младиот шпански тенисер се пласираше во финалето на АТП турнирот од серијата 500 во Барселона и со тоа обезбеди влез во Топ 10 на светската листа.
Тој од понеделник ќе биде деветти во светот, без разлика на исходот во финалето.
По три часа и 38 минути игра и голема драма, тој славеше против Алекс де Минор со 6:7 (4), 7:6 (4), 6:4.
Тенисерот од Мурсија, кој наскоро ќе го прослави својот 19-ти роденден, спаси две меч топки во вториот сет и на крајот славеше, со што оваа сезона остана непоразен на земјена подлога.
Во почетниот сет и двајцата имаа брејк топки, Австралиецот и две сет топки во 12. гем на сервис на Шпанецот, но тие не беа искористени и Де Минор поведе во мечот дури по тај-брејкот, кој го доби со 7:4.
Во вториот сет по 4:4 видовме четири гема по ред со брејкови.
Де Минор имаше две меч топки при 6:5 на сервис на Шпанецот, но не ги искористи и тоа подоцна го чинеше.
Алкарас го доби сетот во тај-брејкот со 7:4.
Во воведниот гем од одлучувачкиот сет одиграа 26 поени и Алкарас ја искористи четвртата брејк топка, а потоа поведе со 2:0.
Де Минор одговори со брејк во шестиот гем за 3:3, но потоа повторно загуби сервис во деветтиот гем, по што Алкарас сигурно сервираше за победа.
Во финалето го очекува неговиот сонародник Пабло Карењо Буста, кој го победи Диего Шварцман со 6:3, 6:4.
Алкарас нема да има многу време за одмор, со оглед на тоа што денеска на програмата се и полуфиналните и финалните натпревари, бидејќи дождот изминатите денови им направи големи проблеми на организаторите.
Тој натпревар нема да започне пред 17.30 часот.
https://twitter.com/TennisTV/status/1518207031647293443?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1518207031647293443%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D04dd%3D24nav_id%3D2144783