Поранешниот англиски премиерлигаш Олдам Атлетик испадна во англиската национална лига со пораз од Салфорд. Националната лига е петта најсилна во Англија, најлошиот пласман на натпреварувањето во 115-годишната историја на овој клуб. Се обидоа да им помогнат и навивачите кои влетаа во теренот на 10 минути пред крајот на натпреварот. Натпреварот беше прекинат но за жал на навивачите на Олдам, остатокот се играше зад затворени врати.

https://twitter.com/footballdaily/status/1517900292725125120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1517900292725125120%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fnavijaci-uletjeli-u-teren-da-spase-bivseg-premierligasa-od-povijesne-katastrofe%2F2358770.aspx

Намерата на навивачите, според англиските медиуми, била да го прекинат натпреварот во момент кога губеле, за да им дадат шанса на своите играчи да се консолидираат и да се обидат да израмнат кога ќе продолжи натпреварот. Исто така, навивачите на Олдам влегоа на стадионот со транспарент на кој му порачаа на сопственикот на клубот Абдала Лемсагам да го напушти клубот.