Најдобриот стрелец во Бундес лигата наводно сака да си замине од Баерн со цел да пронајде нов предизвик во кариерата. Има 33 години и веќе се докажа во дресот на Баварците и Бундеслигата.
Шпанскиот весник „Спорт“ објавува дека Левандовски би сакал да го облече дресот на Барселона следната сезона. Му се допаѓа стилот на игра што го наметна Чави, а со оглед на фактот дека претседателот на клубот Жоан Лапорта и неговиот агент Пини Захави се блиски пријатели, трансферот може да се реализира со многу малку пречки.
Интерес за Левандовски сигурно ќе има и од другите гиганти како Манчестер јунајтед и ПСЖ, но желбата на голгетерот е да се пресели на „Камп Ноу“.