Прав урнебес се случи под Пиринеите. Во Шпанија на еден од нисколигашките натпревари овој викенд се случи вистински хаос на теренот, откако беше видена една од најневеројатните сцени.
На натпреварот меѓу Вилануева дељ пардиљо и Колменеар Валехо во самата завршница настана голема мешаница, откако домаќините во 90-та минута имаа потенцијален контра напад при резултат 1:1.
Но, следуваше неверојатен момент кога асистентот токму на домаќините влезе на теренот и ја сопре топката, при што доби црвен картон и веднаш се упати кон соблекувалната.
Следеше вистински хаос од домашниот тим и навивачите, а се претпоставува дека оваа средба ја има одиграно икс, па затоа не сакал да ризикува.