Фудбалот често покажува дека може да биде и тоа како интересен и да ги „попушти“ нервите на публиката. Таков случај доаѓа и од Аргентина, каде одлуката за шампионот дојде во последното коло, каде еден пенал можеше да смени се. Сепак не, Бока стана шампион на оваа земја!
Пред последното коло се беше отворено, Бока Јуниорс го држеше првото место на табелата со бод повеќе од Расинг предводен од Фернандо Гаго од клупата. Овој клуб играше против Индепендиенте, каде победа ќе му го гарантираше првото место.
Од друга страна, второпласираниот Расинг играше против Ривер Плата, која мораше да игра за Бока, за да стане шампион, доколку не победи.
Се започна идеално за Расинг, Индепендиенте поведе против Бока во 32. минута, но Фернандез израмни само две минути подоцна. Подоцна Бока во 49. минута поведе со 2:1 што значеше дека во тој момент е шампион. Во тоа време, Расинг веќе имаше 1-0 против Ривер Плата, но тоа сепак ја оставаше Бока на тронот.
Сепак, трошка надеж беше забележана во 81. минута, кога Ваљехо постигна гол за Индепендиенте, со што Расинг имаше можност на крајот да стигне на првото место со гол. Се играше 90. минута кога беше досуден пенал за Расинг. Пенал кој можеше да им ја донесе титулата.
Галван ја стави топката на белата точка, шутираше, но Армани успеа да го скроти неговиот удар!
Подоцна, Борха постигна гол за 2:1 за Ривер Плата, што ја остави Авеланеда во солзи , а Бока нивниот најголем ривал на шампионската позиција и им помогна да стигнат до 32-та титула во својата историја.
https://www.youtube.com/watch?v=EOLXfo9YwdE
https://www.youtube.com/watch?v=Ri58DBCkoDs