Тимот на Борусија Менхенгладбах им се врати на победите во Бундеслигата и победи со 1-3 на гости кај Волфсбург во натпревар од 28. коло. Гостите имаа негатива од 1-0 на паузата, но до крајот успеаја да се изборат за целиот плен.
Волфсбург поведе со голот на Ридле Баку во седмата минута и успеа да ја задржи предноста до паузата, но Менхенгладбах во вторите 45 минути комплетно ги „размонтира домаќините“ и со голем пресврт стигнаа до седмиот триумф сезонава.
Творци на победата беа Итакура, Енгуму и Рајц, а радоста на гостинските навивачи беше огромна на крајот од натпреварот.
Екипата на Хофенхајм исто така со сигурни 3-1 (2-0) славеше на домашен терен над Аугсбург. Домаќините водеа со 2-0 со головите на Вегхорст и Крамариќ, а точка на победата во вториот дел стави Бебу во 90. минута.