На девет кола пред крајот на сезоната, Манчестер Јунајтед има 11 бода помалку од Астон Вила и осум од Тотенхем поради што полека згаснуваат сите надежи за пласман во Лигата на шампионите.
Екипите на Брентфорд и Манчестер Јунајтед играа повеќе од 90 минути без гол, а потоа во судиското продолжение постигнаа дури два, по еден во двете мрежи. На крајот дуелот заврши 1-1, што веројатно повеќе му одговара на домаќинот кој ја прекина низата порази.