Екипата на Лацио победи во дербито против Јувентус со 1-0 во 30. коло од првенството, а Македонецот Никола Секулов нема по добро да го памети дебито во дресот на гигантот.
Екипата од Рим беше подобра од Јувентус на теренот и создаде речиси двојно повеќе шанси, а последната за гол ја искористи Адам Марушиќ, и тоа откако му избега на Секулов.
Марушиќ со глава во 93. минута го матираше Шчесни за 1-0, а Јувентус не успеа да го возврати ударот до крајот на дуелот.
Јувентус остана на третата позиција со 59 бодови, додека Лацио се искачи до седмото место и има 46 бода.
,
Во следното коло Лацио игра ново дерби, овој пат против најлутиот ривал Рома, додека Јувентус излез од мини-кризата ќе брка на свој терен против Фиорентина.
Попладнево победа запиша Торино против Монца со 1-0, со голот на Санабриа од пенал во 69. минута. Џенова и Фрозиноне одиграа 1-1, а головите ги постигнаа Гудмунсон (автогол) и Реиние,
Вечерва се игра дерби натпрварот помеѓу Фиорентина и Милан на „Артемио Франки“: