Барселона подготвува понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пренесуваат италијанските меидуми. Приоритет на Чави во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен фудбалер во одбраната.

Кулибали е на врвот на листата желби на тренерот на Барселона, а раководството ќе се обиде да му ја исполни желбата.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата. Тој на лето влегува во последната година од договорот, па италијанскиот клуб ќе мора да го продаде.

Се очекува Наполи да побара околу 50 милиони евра за овој трансфер.