Навивачите се загреаја, помислија дека сега е моментот да се запре доминацијата на најголемиот ривал, но изгледа дека тешко ќе биде да се оствари тоа. Кризата почна со дебаклот на домашен терен од ТСЦ на 25 ноември, со 0-4, ситуацијата делумно беше спасена со триумфот против Војводина од 3-1, но следуваа уште два кикса, со Раднички Ниш и Раднички Крагуевац против кои Партизан загуби со 1-2 и ремизираше 3-3.
Последниот меч, против Раднички Крагуевац беше одигран денеска на „ЈНА“ каде Партизан се спасуваше од пораз во 87. минута. По ремито, „црно-белите“ се на два бода негатива во однос на Црвена Звезда, пред дербито на есенскиот дел од сезоната, против својот градски ривал, в среда на домашен терен.