Во првото полувреме беа постигнати по еден гол на двете страни. Најпрво Лајпциг поведе преку Клостерман во 34. минута, но потоа Кабак стелаше за 1-1 пред паузата.
„Биковите“ го скршија отпорот на ривалот дури по 70. минута, кога за краток период погодија Форсберг и Симакан за 3-1.
Екипата на РБ Лајпциг е трета во Бундеслигата со 32 бодови, односно четири помалку од лидерот Баер Леверкузен, додека Хофенхајм е на шестата позиција со 23 бода.