Српскиот голгетер Душан Влаховиќ не беше на посакуваното ниво во изминатиов период и за своите изданија заработи доста критики, но против Џенова имаше одлична партија.
Напаѓачот беше без постигнат гол еден месец и тоа од мечот со Верона, но конечно проработи и со два гола одигра клучна улога во триумфот од 3-0.
Најважните моменти се случија во второто полувреме, Влаховиќ постигна гол од пенал во 48 минута, а веќе во 55 рутински реализира за водство од 2-0.
До крајот погоди и Консеисао и на тој начин Јувентус официјално им се врати на победите во Серија А по трите реми средби со Рома, Наполи и Емполи.