Аргентинскиот ас Лионел Меси стигна до 15. гол во МЛС оваа сезона откако се запиша во листата на стрелците на дуелот против екипата на Шарлот на домашен терен.

Интер Мајами одигра реми трет натпревар по ред, но малку недостасуваше да го претрпи третиот пораз на домашен терен оваа сезона. Шарлот поведе во 57. минута за на средината од второто полувреме Меси со фантастичен удар да израмни и да  избори бод за својот тим.

 

И покрај малата резултатска криза, Интер Мајами е убедливо на првото место во својата конференција со осум бода предност во однос на Колумбус, а малку недостасува да обезбеди предност на домашен терен до финалето од плејофот.