Манчестер Сити на отворањето на Премиер лигата загуби во Лондон од Тотенхем со 1: 0. Тоа беше првиот натпревар на Џек Грилиш, најскапиот фудбалер во историјата на англиската лига, што го почна од стратните 11.
По натпреварот, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола го пофали Грилиш.
“Тој е толку опасен во нападот… Кога ја имаме топката, тој секогаш има опција повеќе. Имаше неверојатно деби и ќе биде многу важен дел од нашиот тим. Честитки за борбеноста што ја покажа, тој постојано се обидуваше да создаде нешто “.