Морничава беше сцената на синоќешниот натпревар помеѓу Марсеј и Бордо во второто коло од француската Лига 1. Во петтата минута од натпреварот, додека Димитри Паје од Марсеј се подготвуваше да изведе слободен удар, Самуел Калу од Бордо застана во жив ѕид и одеднаш се падна како покосен на тревата.
Тој веднаш се обиде да стане, но потоа остана неподвижен да лежи на тревникот, а неговите соиграчи и медицинската служба веднаш притрчаа за помош. За среќа, Калу успеа да стане и потоа го напушти теренот. Калу сакаше да продолжи да игра, дури и да се врати на теренот, но беше заменет во 14 -тата минута.
https://youtu.be/8kzqf-oUuKQ
Не е потврдено што го предизвика неговиот колапс, но температурите во Марсеј овие денови се многу високи, а вчера достигнаа и до 35 степени Целзиусови. Исто така, она што посебно го загрижува е тоа што ова не е првпат да се сруши на теренот. Истото му се случи и во 2019 година за време на тренинг со репрезентацијата на Нигерија, што било резултат на дехидрација.
Натпреварот помеѓу Марсеј и Бордо заврши 2: 2.