Македонија има водство од 0-2 во Ереван.Фудбалската репрезентација на Македонија има водство на дуелот против Ерменија во Ереван игра одлично и заслужено води со 0-2 на полувремето. Стрелец на првиот гол е Александар Трајковски во 22. минута, кој успеа да реализира од пет метри откако одличен продор по десната страна имаше Стефан Ашковски.
Енис Барди во 36.минута го зголеми водството откако по додавање на Елмас упати силен удар од дваесетина метри и успеа да го совлада Давид Јурченко.
Нашиот национален тим ја круниса одличната игра во првото полувреме и има одлична предност пред почетокот на второто полувреме .