Сенегал дефинитивно го обезбеди првото место во групата Ц на Африканскиот Куп на нации, откако победи со 2-0 над селекцијата на Гвинеја.
Сенегал триумфираше со головите на Абдулаје Сек во 61. и Ндиаје во 91. минута, а противникот ниту еднаш немаше удар во рамките на противничкиот гол. Гвинеја и покрај негативата имаше активен резултат кој ги води во следната фаза, но Камерун успеа со два брзи гола да направи пресврт против Гамбија и го завери учеството во разигрувањето. Гвинејците нема да жалат премногу за поразот, затоа што и тие сепак патуваат во главната фаза како третопласирани во својата група.
Камерунците одиграа многу тежок натпревар и имаа големи проблеми против мотивираната Гамбија, но на крајот успеаја да дојдат до триумф со 2-3. Гамбијците постигнаа и трет гол во самиот финиш, но истиот беше поништен поради игра со рака.
Херои на Камерун беа Токо Екамби и Кристофер Ву, а автогол за Гамбија си постигна и Гомез. Во последните секунди имаше голема драма, но сепак Камерунците успеаја да стигнат до важен триумф со кој обезбедија пласман во главната фаза од Африканскиот Куп на нации.