По победата над Алмерија на крајот на јануари, фудбалерите на Алавес имаа причина да бидат задоволни во Примера. По пет кола без триумф во шпанското првенство Алавес ги освои трите бодови во дуелот против Рајо Ваљекано, 1-0 (1-0)
Баскијците бодовите ги освоија со еден гол вреден злато на крајот од првото полувреме. И тоа каков гол! Во 44. минута Андони Горосабел елегантно го лобуваше нашиот Столе Димитриевски и донесе голема радост на трибините. Својата мајсторија ја демонстрираше и Антонио Бланко, кој со перфектна долга топка го пронајде искусниот Шпанец, а овој како да е класичен напаѓач, а не дефанзивец, ја заврши работата и донесе триумф за својата екипа.
Многу поголем посед на топка имаше Рајо Ваљекано, дури 67%, но без резултат. Домашната екипа можеше и уште неколку пати да ја затресе мрежата на Столе, но на крај резултатот остана истиот.