Барселона не успеа да оствари триумф против Гранада откако домаќинот во самиот финиш израмни на 1-1 со голот на Антонио Пуертас во 89.минута од мечот.

Барса од 80.минута остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Гави, кој доби два жолти картони. Водството за каталонскиот тим го донесе Лук де Јонг кој погоди во 57.минута, а беше стрелец и на претходниот меч.