Стоперот на Јувентус и на репрезентацијата на Холандија, Матијас де Лихт, од следната сезона нема да биде член на „старата дама“. Според „Спорт Медиасет“, тој решил да го напушти клубот во договор со неговиот агент Мино Раиола.
Јувентус нема да се противи на неговото заминување, но ќе бара отштета од 70 милиони евра. Засега во фокусот се два клуба, Барселона и Челси, кои би можеле да го купат следното лето.
22-годишниот дефанзивец дојде во Јувентус од Ајакс во 2019 година за 85 милиони евра, но не успеа да ги оправда вложените средства.