Екипата на Црвена Звезда повторно е освојувач на Купот на Србија откако вечерва на „Рајко Митиќ“ во Белград славеше победа со 2:1 над лутиот ривал Партизан. „Црвено-белите“ стигнаа до двојна круна со оглед на тоа дека триумфираа и во шампионатот. Партизан остана без ниту еден трофеј сезонава.
Голема заслуга за трофејот на „црвено-белите“ има Александар Катаи кој ги постигна двата гола. Првиот за водство во 26. минута, во 62. минута изедначи Урошевиќ, а десеттина минути подоцна Катаи со вториот гол ја донесе победата и трофејот за Звезда.
Инаку ова е четиринаесетти трофеј од Купот на Србија за Црвена Звезда почнувајќи од 1992 година.